Unlimited WordPress themes, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Computer Skills
  2. Office
Computers

Како да дојдете до Microsoft Office бесплатно

by
Difficulty:BeginnerLength:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)

Microsoft Office е еден од поскапите продуктивни софтвери што повеќето луѓе го купуваат. Новиот Office 365 ќе ве чини околу 9 долари месечно а само копија од Office 2013 чини преку 100 долар дури и со попуст.  Тоа не е толку скапо, да се каже, ако ви треба Office секојдневно, но ако само ви треба за да напишете неколку писма и да ги организирате вашите лични финансии, тогаш е дефинитивно скапо.

Можете да ги користите LibreOffice или GoogleDocs бесплатно, или ако  имате Mac компјутер, можете да ги користите iWork програмите на Apple, за многу помала цена од онаа на Office. Но, што ако навистина сакате да ги користите програмите на Office, бидејќи тие најдобро функционираат со датотеките што веќе ги имате и сте навикнати.

Имате среќа. На новиот Office.com, може да ги користите основните верзии на Word, Excel, PowerPoint и OneNote бесплатно во вашиот пребарувач. Тие се истите Microsoft Office програми на кои што сте навикнати, само што работат онлајн и се 100% бесплатни. Во овој туторијал, ќе ви покажам како да правите нови документи, листови и презентации со Office, бесплатно и како да ги отворите и измените вашите постоечки документи онлајн.

Office онлајн: Бесплатниот Office Што отсекогаш го посакувавте

Microsoft Office Online
Навистина е Office, само што е онлајн – и бесплатен.

Новиот Office Онлајн е всушност ништо ново. Во 2010та, Microsoft, додаде “Office Web Apps” на нивниот Skydrive онлајн склад, што дозволува онлајн изменување на вашите Office документи, со основната копија од Office 2010 програмите.  Работеше добро, но беше скриено во Skydrive. Сега, кога го ребрендираа SkyDrive во OneDrive, исто така им овозможија на Office Web Apps да работат самостојно како Office Оналјн, заедно со целосно нов Office 2013 кориснички интерфејс.

Пред да почнеме, важно е да се разјаснат некои работи. Овие бесплатни Office програми, се веб програми – што значи дека иако работат во вашиот пребарувач, сепак се чувствуваат како програми а не како веб-страни.  Не можете да ги инсталирате на вашиот компјутер или Mac компјутер, како што можете да ги инсталирате нормалните Office програми и тие нема да работат кога не сте поврзани на Интернет. Сепак, тоа не е голем проблем, бидејќи повеќето од нас сме поврзани цел ден на Интернет.  Најдоброто од сѐ, Office онлајн ги зачувува датотеките што ги правите во OneDrive, кој што можете да го синхронизирате со бесплатно со вашиот Mac или личен компјутер, за да ги гледате документите кога не сте на Интернет. Тоа не е лошо за бесплатна програма.

Е сега, може да почнеме

Создавање на нов Word документ онлајн

За да почнете со користење на Office бесплатно, треба да го отворите вашиот пребарувач, да одите на Office.com и да ја одберете програмата што сакате да ја користите.  Има онлајн копии од Word, Excel, PowerPoint и OneNote од кои што можете да избирате, како и контакти и програми за календар со онлајн складот на OneDrive. За да го изпробаме, да ја избереме Word Online иконката. Прво ќе треба да се најавите со Microsoft сметка (онаа што ја имате од Hotmail, Xbox Live или SkyDrive), а можете и да создадете нова.  Веднаш потоа ќе забележите на екранот порака што ве прашува дали сакате да направите нов празен документ, да пребарувате шаблони или да отворите документ од OneDrive.

Start using Word Online
Почнуваме во Word Online

Ако сакате да создадете празен документ, само притиснете на New Blank Document. Инаку, притиснете на Browse templates за да изберете од почетните шаблони на документи што би сакале да ги видите во вашиот компјутер кога ќе правите нов документ во Word. Овде можете да разгледувате низ најдобриоте шаблони или да пребарувате низ категориите на истите. Кога ќе го пронајдете оној што ви се допаѓа, селектирајте го и притиснете на зеленото поле Open In Word Online.

Free templates in Office Online
Има многу шаблони што можете да ги користите во Word, Excel и PowerPoint онлајн.

Треба да кликнете на уште едно поле за да го зачувате документот во OneDrive, па потоа ќе ја видите целата програма Word Online што ќе ви се отвори во вашиот пребарувач со избраниот шаблон. Се треба да ви изглeда многу познато ако сте користеле поранешни верзии на Word. Има поле со алатки на горниот дел со почетните алатки и скоро сѐ од нормалниот Home прозорец, вклучувајќи ги опциите за фонт и подредување, стилови, листи и повеќе Вашите нормални кратенки на тастатурата ќе работат нормално, како на пример Ctrl + B, за да се задебели текстот.  Или пак, можете да го селектирате текстот, со што ќе ви се појави мало поле за форматирање над вашиот курсор како и во нормалните Office програми, каде што можете лесно и брзо да ги менувате опциите на фонтот и многу други работи.

Да се изменува шаблон е многу лесно, како и што би очекувале. Можете да ги селектирате сликите и местото за текст, а потоа да го додадете текстот и содржината што ја сакате, оддржувајќи го истото форматирање.  Додека пишувате, Word автоматски ќе го проверува документот за печатни грешки на јазикот по ваш избор и ќе ви го покажува бројот на зборови најдолу на програмата. Дури и автоматски ќе го зачува документот додека работите.

Editing a Word document online
Основите на Word се тука, бесплатно

Ќе го најдете остатокот од алатките што ви требаат за изменување на документот во останатите ленти во јазичето. Има помалку алатки отколку во Word на компјутер, но барем ги има основните алатки за да додавате ваши слики или едноставни симболи од Microsoft и да ги изменувате, заедно со табели, алатки за заглавје и подножје, опции за распоред на страната и повеќе. Ако не можете да најдете ништо, сѐ што треба е да ја напишете наредбата што ви треба во полето за пребарување најгоре во средината и тоа ќе ја најде опцијата за вас. Ако сакате да ја нема лентата, за да ви даде повеќе простор за измени, само кликнете два пати на неа и ќе ја снема, па можете да ја вратите кога сакате.

Search inside Office Online ribbon
Алатките што ви требаат барајте ги во лентата или барајте помошни статии од Microsoft.

Останатите Office Online програми работат добро исто така. Можете да направите нова PowerPoint презентација онлајн, заедно со неколку готови шаблони, или да ги искористите почетните теми што би ги очекувале во PowerPoint. Има само неколку транзиции и анимации, но се е веќе вклучено во PowerPoint Online, заедно со SmartArt графики и забелешки за слајдот.  Можете да дуплирате слајдови, да копирате содржина помеѓу нив, да ставате ваши слики и повеќе. Можете дури и да кликнете на Slideshow Полето во долниот лев агол и да презентирате во целосен екран директно од PowerPoint Online.

PowerPoint Online
PowerPoint Online ги содржи повеќето од алатките за слајдови, вклучувајќи го и SmartArt

Еxcel Online е исто добар, и бидејќи листовите се воглавно за броеви, најверојатно ќе имате се што ви треба во Excel Online освен ако не ви треба додатоци. Ги има сите стандардни функции на Excel и графици, заедно со основните алатки за да ги подредите вашите податоци и шаблони така што ќе ви овозможат брзо да ги средите броевите.   Нема да најдете понапредни алатки како Pivot табелите, но ако отворите Excel документ што веќе содржи Pivot табели во Excel Online, тие Pivot табели ќе продолжат да работат нормално, и можете да ги изменувате целосно онлајн.

Excel Online вклучува и додатна опција: Анкети. Оваа опција е копирана од Google Docs, бидејќи Excel на вашиот Mac или друг компјутер не може да се користи за анкети, но сепак се корисни да се имаат. Можете да ги користите за да создадете едноставни онлајн анкет, и потоа да ги разгледувате резултатите од истите во Excel Online или да ги преземете од Интернет на лист.

Excel Online
Excel е се уште најдобрата програма за брзи пресметки.

Изменување на постоечка Office датотека онлајн

Ако веќе ги имате Office документите – од колега или од шефот, или од постара верзија на Office што сте ја имале на друг компјутер – ќе сакате да можете да ги изменувате во Office Online исто така. За тоа ќе треба да го направите следново. Треба да одите на OneDrive.com, да се најавите со вашата Microsoft сметка како порано, и потоа да ги завлечете и пуштите вашите датотеки на OneDrive страната (или да ги прикачите од Upload полето). Друг начин е да ги синхронизирате на сметката од Mac или компјутерските програми.

Adding files to OneDrive
Прикачете ги важите постоечки Office датотеки на OneDrive за да ги изменувате онлајн.

Сега, за да ги отворите документите онлајн само кликнете на документот, и истиот ќе се отвори во соодветната Office Online ппрограма, иако само во режим на гледање.  Да го измените документот, треба да стиснете на Edit Document во лентата, потоа да селектирате Edit in Word Online (или во Excel/PowerPoint Online ако изменувате лист или презентација).  Ова ќе ве насочи кон Office Online апликацијата што ја гледавме порано, каде што може да ги искористите одличните опции за изменување што ви требаат.

Соработување во Office Online

Најдобриот дел во изменување на Office документи онлајн е тоа што се лесни за споделување и соработување со други луѓе во исто време. Да споделите документ во Office Online, стиснете на Share полето најгоре на прозорецот.  Од таму можете да поканите луѓе, што директно ќе ви помогнат да го измените документот, или може да копирате врска и да ја споделите со други, коишто можат да го гледаат документот и да го изменуваат дури и без Microsoft сметка.

Word Online поддржува и коментари на вашите споделени документи за да ви помогнат вам и вашите соработувачи да видите што е најскоро изменето и да ги дискутирате потенцијалните промени. За да додадете коментар, селектирајте го текстот што сакате да го коментирате, кликнете на Review прозорецот и селектирајте New Comment. Исто така можете и да ги оневозможите коментарите од истиот прозорец.

Collaboration in Office Online
Споделете ги вашите Office датотеки со било кој и изменувајте ги заедно онлајн, заедно со коментари

Вратете ги претходните верзии на документите во Office Online

Многу е лесно несакајќи да се избрише дел од документот, само за да подоцна се сфати дека избришаната информација ви била потребна – а тоа е полесно само ако соработувате со други на вашиот документ.  Во Office Online, нема да треба да се грижите дали ќе ја изгубите вашата работа бидејќи автоматски се зачувува и ги чува и останатите верзии од вашите датотеки.  Да ги вратите истите, само притиснете на File полето во горниот лев агол на лентата, притиснете Info, потоа кликнете на Previous Versions полето. Тоа ќе го отвори листа од претходните верзии на вашата датотека што можете да ја гледате онлајн, да ја вратите или да преземете за безбедно чување.

Restore previous versions of documents
Несакајќи променивте нешто во вашиот документ? Нема проблем.

Принтајте и зачувајте ги вашите документи

Кога ќе завршите со работа и сте подготвени да го споделите вашиот документ, најверојатно ќе треба да споделите копија од документот или да го испринтате. Тоа е лесно во Office Online како што е и лесно во било која друга копија на Office. Само кликнете на File полето повторно, и притиснете на Print за да испринтате копија од документот, или притиснете на Save As, а потоа и на Download, за да зачувате копија на вашиот компјутер.  Датотеката што ќе се преземе автоматски е нормална датотека во Office  што може да се отвори со било која друга копија на Office, или во верзии на Office како iWork, LibreOffice или GoogleDocs. Доколку ги синхронизирате датотеките во OneDrive со вашиот компјутер, вашиот нво документ автоматски ќе се синхронизира со компјутерот, за да може да го копирате од OneDrive и да го споделите.

Print and download documents in Office Online
Испринтате, зачувајте и споделете ги документите од File менито

Има уште една добра опција ако го споделувате документот онлајн: можете да вметнете Office Online документ на вашата веб-локација за другите да можат да ја читаат онлајн. Селектирајте го Share јазичето  во File менито и кликнете на Embed а потоа на Generate, копирајте го кодот и залепете го на вашата веб-локација.  Ова е одличен начин да се сподели вашиот документ на веб-страната на вашата компанија или листови со податоци на блог за истражување.

Заклучок

Ако сакавте да земете Microsoft Office без да плаќате ништо, и не ви требаат најнапредните опции од Office, тогаш Office Online е совршеното решение за вас. Неговите бесплатни копии на Word, PowerPoint, Excel и OneNote можеби имаат помалку опции од очекуваното и само ќе работат во вашиот пребарувач, но тие се одлични и совршено ќе ги форматираат вашите постоечки Office документи.

Следниот пат кога ќе ви треба да направите нов документ, лист или презентација, или само можеби ќе ви треба да измените документ во Office на некој колега, обидете се со Office Online. Ќе видите дека ги има опциите што ви требаат и дека работи многу подобро одошто сте очекувале.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.