Unlimited WordPress themes, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Computer Skills
  2. Tips & Shortcuts

Лесно сликање на екран

by
Difficulty:BeginnerLength:ShortLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Stefan Nikolov (you can also view the original English article)

Сте сакале ли некогаш да споделите слика од вашиот екран? Или снимка од вашиот екран и глас? Сте се прашувале ли како ги правиме овие видеа?  Па, веќе не се прашувајте. Во овој туторијал ќе ви демонстрирам два начина како да сликате екран и два начина за снимање на екран со аудио.


Цели

До крајот на туторијалов, ќе научите како да 

  • Сликате со вградени кратенки
  • Да ја користите Grab апликацијата за слики
  • Да снимите екран со QuickTime
  • Да снимите екран со Screenflow

Видео од екран


Сликање на екран со кратенки

Без разлика на програмата што ја користите, можете да сликате екран веднаш со две различни комбинации кратенки

За да сликате дел од вашиот екран притиснете Command Shift 4. Ќе забележите дека вашиот курсор ќе се смени од стрелка во нишан.  Кликнете и селектирајте го делот што сакате да го сликате и потоа пуштете. Оперативниот систем Х ке ја стави сликата на вашиот работен простор во форма на .png

Ако сакате цел екран, притиснете Command Shift 3. Повторно сликата ќе биде на работниот простор


Користење на Grab за да сликате екран.

Grab е аликација што доаѓа со ОС Х. Ако вашите слики бараат прецизност ова ќе е совршено. Пуштете ја од Ultilites Folder во Applications Folder.

Движењето на маусот до Capture менито ќе ви отвори различни опции. Ќе го видите основиот екран и опции за сликање на дел, но сега ќе можете да сликате посебен прозорец или да поставите тајмер пред да почне снимањето

The Grab capture menuThe Grab capture menuThe Grab capture menu
Менито на Grab

Да сликате прозорец, притиснете Capture па Capture Window. Можете и со кратенката Ctrl Shift W

За да сликате со тајмер притиснете на Capture > Timed Screen или со кратенката Ctrl Shift Z.

За разлика од едноставните кратенки, Grab ќе ви покаже што имате сликано и ќе ви овозможи да го снимите или да го избришете.


Снимање на екран со QuickTime

Понекогаш сликите од екран не се доволно да се искажете. За среќа, тука е QuickTime.

Да го снимате вашиот екран со аудио отворете го QuickTime. Од менито одете File > New Screen Recordings.

screencasting-3screencasting-3screencasting-3

За да го снимате целиот екран, кликнете било каде на екранот што сакате да го снимите. За да снимите де од екранот, кликнете и завлечете за да обележете што сакате да снимите. Кога делот ќе се обележи може да почнете со снимање со притискање на соодветното копче или изменете ги опциите со кликање на триаголникот.

screencasting-4screencasting-4screencasting-4

Кога сте готови престанете со снимање со притискање на Stop.

Stopping the QuickTime screen recorderStopping the QuickTime screen recorderStopping the QuickTime screen recorder
Стопирање на QuickTime снимачот

По комплетирањето, QuickTime ќе ви покаже видео датотека што може да ја снимите, сечете или избришете.

screencasting-6screencasting-6screencasting-6

Снимање на екран со Screenflow

Ако сте заинтересирани за создавање на снимка од екран со стил, ја препорачувам Screеnflow. Можете да ја download Screenflow од AppStore или да ја тестирате слободно.  Сo неа можете да изменувате видео и аудио заедно или посебно. Ова може да создаде одлични видеа.

Кога прво ќе ја пуштите ќе видите екран за подесување за да внесете опции за аудио видео или екран. Подесете ги како сакате.

screencasting-2screencasting-2screencasting-2

Кога ќе сте готови, кликнете на иконката за камера од полето со алатки и притиснете stop recording. Вашата најскорешна снимка ќе ви биде презентирана во изменувачот. Ќе видите интересен кориснички интефејс со преглед најгоре, времепловот најдолу и изменувач на десната страна.

The different panels of ScreenflowThe different panels of ScreenflowThe different panels of Screenflow
Различните панели на Screenflow

За да измените аудио видео или двете, кликнете на нивните времиња и мрднете го маркерот каде што сакате да измените.  Потоа притиснете Ctrl Shift T да сечете. Мрднете го маркерот на крајот и повторете го истото.

Creating cuts in ScreenflowCreating cuts in ScreenflowCreating cuts in Screenflow
Сечење во Screenflow

Обележете го делот што го создадовте и притиснете Delete.

Removing parts of a screenflowRemoving parts of a screenflowRemoving parts of a screenflow
Отстранување делови од ScreenFlow

Можете да ги преместите останатите делови.

Moving parts around Screenflow timeline.Moving parts around Screenflow timeline.Moving parts around Screenflow timeline.
Преместување на делови

Кога ќе сте готови со се, можете да ги зачувате во различни формати со одење на File > Export. Изберете ги опциите и зачувајте


Заклучок

Без разлика дали е едноставна слика од екран или целосно видео, додатната информација може многу да помогне при јасна комуникација. Можете да ги користите сликите од екран за правење на туторијали или подобрување на комуникацијата во електронската пошта.  Можете да ги снимате вашите екрани за подобри демо-видеа или туторијали. Во секој случај, со техниките што ви ги објаснив можете да снимате екран или сликате без проблем!

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.